Висдом Окере, интернационалецот од Нигерија е во стартниот состав на Тиквеш на мечот со Шкендија Арачиново кој започна пред неколку минути.
Познато е што се се случуваше со офанзивецот на кавадарчани во изминатите денови по мечот од Купот на Македонија со Вардар, на кој славеше Тиквеш 1:3.
Имено вардарци се жалеша до ФФМ за неправилен настап на Окере, не бил внесен во КОМЕТ. Во некоја рака кавадарчани тоа го признаа наведувајќи дека тоа било само технички проблем.
Окере игра, Шкендија Арачиново поведе со 1:0 со голот на Симоновски, а сите сме во очекување на одлуката на надлежните комисии на ФФМ.















