Шкендија Арачиново – Тиквеш 1:0 по првото полувреме на првиот меч од 12.коло во ПМФЛ кој се игра денеска на Чаир во “утринскиот“ термин од 12 часа. Веднаш да кажеме и двете екипи играат на ужасен терен на Чаир.
Се играше 5.минута кога Марко Симоновски ја затресе мрежата на гостите за водство на тимот од Арачиново. Да потсетиме дека токму со неговиот гол Шкендија (А) го победи Тиквеш во 3.коло на дуелот во Кавадарци на 15 август и засега тој е единствениот пораз на кавадарчани оваа сезона. Ќе видиме на крајот дали ќе биде така и денеска.
По тој гол Тиквеш и тоа како имаше свои шанси за израмнување, но Окере и Лавал не беа присебни во завршницата. Домашните преку Елези во 25.минута можеа многу лесно да поведат со 2:0.
Сепак на одмор се замина со 1:0.















