Она што „Спортмедиа“ вчера го најави, еве денеска стигна и потврда. Имено стоперот Дарко Илиески е ново име во Струга Трим Лум.Тој потпиша на една година и ќе биде големо засилување за тимот на стратегот Срѓан Захариевски. Инаку Илиески по заоминувањето од Копер имаше неколку понуди, но сепак се реши да ја прифати таа на струшкиот прволигаш. Се разбира дека Струга Трим Лум очекува од своето ново име квалитетни игри во пролетниот дел, не е тајна дека стружани атакуваат на пехарот во Купот на Македонија.