Полскиот напаѓач Кацпер Козловски ќе потпише договор со англискиот Брајтон. Клубот ќе плати 8 милиони евра за 18-годишниот фудбалер на полскиот национален тим и со тоа ќе биде првиот полски играч кој ќе заигра за клубот од југот на Англија.
Оваа сезона Козловски постигна три гола и четири асистенции во 19 натпревари во сите турнири со својот клуб Погон. Неговиот договор истекува во 2023 година иако цената изнесува 10 милиони евра, сепак, Погон прифатил да го продаде за 8 милиони евра.
Инаку ова лето Козловски стана најмладиот фудбалер во историјата на европските првенства. Тој влезе во игра на мечот со Шпанија со 17 години и 246 дена.
За него се интересираше и Ливерпул, но Брајтон излезе попрецизен во преговорите, а и самиот фудбалер има поголеми шанси да игра за помалиот клуб отколку за гигантот од Енфилд.