Тимот на Работнички напролет ќе биде сериозно засилен. Арменд Алими е нов играч на тимот од Гратски Парк. Раководството на Работнички се договори со искусниот играч за врска кој ќе го заземе централното место во тимот и ќе му помогне секако да излезе од играчката и резултатска криза која го зафати во досегашниот дел од сезоната.
Алими доаѓа како замена за Лука Станковски кој имаше полна минутажа во старнтие единаесет, но зимава прави трансфер во Турски Газиантеп. Имаше договор на уште шест месеци со неговиот досегашен тим Шкендија, но се одлучи да си замине од Тетово по минат долг период во овој клуб.
Алими е токму играчот каков што му е потребен на Работнички во моментов, со оглед на многуте млади играчи кои „Романтичарите“ ги имаат во составот.