Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска пријави три нови случаи на коронавирус во тимот. В недела Ливерпул ќе игра со Челзи на гостински терен во 21. коло од англиската Премиер лига во еден од исклучително важните дуели во трката за шампионската титула.
„Ситуацијата не е многу кул. Не можам да кажам за кого се работи, но задутре се ќе стане доволно јасно“, изјавил Клоп.
Манчестер Сити се наоѓа на првото место во англиската Премиер лига со предност од 9 бода пред „црвените“.