Нашата најдобра фудбалска репрезентација во 2021 година играше на ЕП, се пласира во баражот за Мундијалот во Катар, значи има шанси да играме и на СП, сепак меч или победа на годината, на деценијата беше оној триумф во Дуисбург, над големата, гигантската Германија. Во меч од квалификациите за СП.
Вечерта на 31 март Македонија беше во центарот на фудбалскиот свет. Немаше медиум во светот кој не информираше за Македонија и нејзината победа од 1:2 на гости кај „панцерите“ и тоа среде Дуисбург. Поведовме со голот на Пандев во финишот на првото полувреме, следуваше израмнување преку Гундоган од пенал во 63.минута, за да Елмас во 85.минута ја донесе најголемата победа на Македонија во историјата.
Со денови се славеше, еуфоријата не престануваше, нашите фудбалери, сосема заслужено, го нарекувавме херои.
Мераци…па, секој ден не се победува една Германија и тоа на нејзин терен.
Затоа вреди да се потсетиме на головите и радоста кога Македонија ја „ОСВОИ“ Германија.