Македонскиот интернационалец и репрезентативец Езџијан Алиоски постигна премиерен гол во новата година во домашниот пораз на неговиот тим Ал Ахли од 3:4 против тимот на Ал Шабаб. Џани погоди од пенал на крајот од првиот дел за да изедначи на 2:2, а и покрај тоа што домаќинот дојде до водство и од 3:2, сепак, на крајот загуби. Двата гола на Ахебри односно Игало на Ал Шабаб му донесоа нова преднсост од 3:4 која што гостите ја задражаа до крајот.
Ал Ахли по 15. одиграни кола е на 12. место со 15 бода, додека пак тимот на Ал Шабаб е втор и е во најтесна трка за титулата во Саудиска Арабија.










