Годината што измина во фудбалот беше година на млади фудбалери кои покажаа дека тие ќе бидат новата машинерија која ќе ги замени Меси, Роналдо, Крос, Модриќ итн. Тимо Вернер, Ерлинг Халанд, Ансу Фати, Сандро Тонали, Букајо Сака, Арнолд Трент Александер итн.
Во Барселона, по заминувањето на Лионел Меси, се појави едно момче кое бргу се вклопи во првиот тим и не само што стана стандарден член на каталонскиот клуб туку се смести и во шпанската репрезентација, играше на ЕП 2020.
Неговото име е Гави, новиот суперталент на Барса кој ќе дефинира една ера на клубот од „Ноу Камп“ после Меси.
Барса минува низ турбулентен период, соочена со финансиска криза и заминување на неколку главни играчи, па беше принудена да се потпира на млади фудбалери од својата школа. Ги лансираше Араухо, Мингеса, Нико Гонзалез, Ансу Фати, а сосема „кул“ изгледа и 19-годишниот Педри. Гави предничи во однос на сите нив. А има само 17 години.
РОДЕН ВО СЕВИЉА, ВООПШТО НЕ СЕ ВИКА ГАВИ
Гави или Пабло Мартин Паес е од Лос Паласиос, предградие на Севиља. Неговите родители имаат ресторан во близина на центарот на градот. Малиот Фати не ги поминува деновите во ресторанот, туку на училиште, а од таму потоа во вечер на тренинзи.
„Не му браниме ништо. Со сопругата одлучивме да не се мешаме. Тој го сака фудбалот, постојано беше со топката во раце и се гледаше дека е среќен. Одлучивме да го пуштиме во фудбалот и да се направиме се што е во наша моќ тој да стане професионален фудбалер“, изјави татко му.
Во 2011 година, Паес бил забележан во локалниот клуб Љара.
„Тоа момче на седум години ги дриблаше ривалите како од шега. Топка не можеа да му земат. Знае дека ќе успее. И десет години подоцна ги полни насловните страници на светските весници“, изјави тренерот Пабло Отеро.
Прекарот Гави го добил од презимето на мајка си – Гавира.
ТРИ ГОЛА ПРОТИВ БАРСА И ПОЧНУВАЊЕ НА ТРКАТА ПО НЕГОВИОТ ПОТПИС
Во 2013 година Гави со својата Љара стигнале до финале на детски фудбалски турнир, а таму се соочиле со Барселона. Нормално, Барса како голем фаворит и тогаш во своите редови го имал Ансу Фати две години постар од Гави.
Гави ги спуштил на земја фудбалерите на Барселона со хет-трик и победа и награда за МВП на турнирот.
„По тој турнир, се зборуваше за него. Гави правеше чуда на мечот со Барселона, а луѓето уживаа во неговата магија“, објаснува претседателот на Љара, Хозе Кампон.
Претставници на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико се сретнале со Паес сениор во неговиот ресторан. Тука биле и локалните Севиља и Бетис. Татко му го пратил во Бетис затоа што не сакал да го остави синот сам во Мадрид или Барселона.
ПРВИЧНО „НЕ“ ЗА РЕАЛ И БАРСА, А „ДА“ ЗА БЕТИС
„Гави остави силен печат во младинскиот погон на Бетис. За малку ќе стигнеше до 100 голови во една сезона. Еднаш во Португалија игравме со младинскиот тим на Барселона и ги победивме со 5:0, а Гави постигна три гола“, вели тогашниот координатор на Бетис, Маноло Алба.

Гави поминал една сезона во младинскиот тим на Бетис со ефект од 96 голови. Следува трансфер во Барселона. Тоа било желбата на младото момче.
СЛЕДЕЊЕ НА СОНОТ – БАРСЕЛОНА
Бргу се снаоѓа во Барселона, тренерите биле воодушевени од неговите настапи но не го брзале за првиот тим. Чекор по чекор – тоа е идејата. По шест години во младинскиот тим на Барса, Пеп Гвардиола доаѓа по Гави. Летото 2020 Манчестер Сити испраќа понуда за шпанскиот бисер, дури двојно поголема плата од сегашната, но тој ги одбива. Одлучува да се бори за место во првиот тим.
„Мојот сон е да заиграм за Барселона. Да се најдам во првиот тим во најдобриот клуб на светот“, изјави Гави.

ЕНРИКЕ СО ЛЕГЕНДАРЕН КОМЕНТАР: ТОА МОМЧЕ ГО “ИЗЕДЕ“ ВЕРАТИ
На ЕП 2020 селекторот Луис Енрике се воодушеви од младиот фудбалер на Барса.
„На мечот со Италија буквално го „изеде“ Верати. Му го помати умот. Неговите движења на теренот, пресингот и играта со топка се фантастични“, изјави тогаш Енрике.
Многумина го споредија со некогашните легенди на Барса Чави, а интересно Паес ги обожавал Иско и Иниеста. Тоја сака да биде поофанзивен, а начинот на размислување и играта без топка наликува на Иниеста.

Тој не сака да копира никого. Не сака да биде Иниеста. Сака да биде свој. Тој е добар во изнесување на топката. Нискиот раст му овозможува да ја ‘крие’ топката и брзо да пивотира. Има супер техника, координација и прецизни додавања. Потврда за тоа беше мечот со Елче на кој ги збудале противничките дефанзивци кои не знаеја како да реагираат кога тој ја имаше топката во своите нозе.
Е затоа Барса сака да му понуди нов договор и да го задржи за долго време. Свесна е дека мора да го искористи моментот и да го задржи ова момче на „Ноу Камп“ околу кого ќе го гради новиот тим. Во спротивно богатите можат да им го земат пред нос…










