Фисник Зука, по само 1,5 година се враќа во редовите на Ренова. Од таборот на “гипсарите“ ни потврдија дека преговорите се завршени успешно и дека во понеделник ќе има и потпис и промоција на офанзивниот бек кој во изминатите шест месеци беше член на Шкупи.
Инаку Зука која има 26 години е “дете“ на Шкупи каде си се промовира како квалитетен лев бек. Потоа следуваше трансфер во Фљамуртари во 2018 година, од каде се пресели во Ренова. Зука потоа играше за Работнички една сезона, па во Шкупи како што веќе рековме и еве во пролетниот дел одново ќе настапува за Ренова.















