Тотенхем со гол во 96. минута ги освои бодовите на „Викериџ роуд“ (видео)

145

Екипата на Тотенхем успеа да слави на гостувањето кај Ватфорд со 1:0 во рамките на Премиер лигата. И покрај тоа што беше доминантен, дури во шестата минута од судиското продолжение ја затресе мрежата на противникот и ги однесе бодовите.

Голот за победа го постигна Дејвисон Санчез на асистенција на Сон.

За Тотенхем ова десетта победа сезонава и направи скок на петтото место на табелата.

Ватфорд има 13 порази од кои шест се по ред.

Од друга страна „Спарс“ успеа да слави на гостувањето кај Ватфорд после оној меч во јануари 2017 година.

ПретходноРенова го договори Зука!
СледноТуанзебе од Манчестер Ј. се сели на позајмица во Наполи