Фабио Канаваро е најсериозниот кандидат за нов селектор на полската репрезентација. Според полските медиуми, претседателот на полскиот фудбалски сојуз, Чезари Кулеша преговара со 48-годишниот Италијанец.
Канаваро претходно работеше како тренер во Азија. Ги водеше Ал-Ахли, Гуангжу, Ал-Наср, Тијанџин и кинеската репрезентација. Во 2019 година, Италијанецот го освои кинескиот шампионат со Гуангжу Евергранде, а во 2018 година и Суперкупот на земјата.
Медиумите изминативе денови ги споменуваа и Дик Адвокат, Јирген Клинсман, Аврахам Грант, Адам Навалка, Чеслав Михњевич и други тренери како можни кандидати за функцијата на чело на полската репрезентација.










