„Чеканите“ ги собраа бодовите од „Селхарст парк“ и го продолжија сонот за ЛШ

120

Екипата на Вест Хем осигура три бода на дуелот со Кристал Палас на „Селхарст парк“ во рамките на Премиер лигата. „Чеканите“ победија со 3:2, а на полувреме имаа водство од 3:0.

Антонио го постигна првиот гол, а по него Ланцини со убаво жонглирање и волеј постигна гол за водство од 2:0. Аргентинецот во финишот на првиот дел го постигна и третиот гол и тоа по сигурно изведен пенал.

Во вториот дел мечот беше мирен се до последните 10 минути. Едуард намали, а по него „заби“ и Олисе меѓутоа немаше доволно време за сензација.

Вест Хем е петти на табелата и атакува на ЛШ, а Палас е на место број 11.

ПретходноАлиоски ја „отвори“ новата година со гол, но и со пораз
СледноРакометар на ПСЖ прободен со нож