Благојче Иванов е нов голман на Беса

1062

Екипата на Беса Добри дол не престанува зимава да доведува нови имиња во ростерот. По именувањето на новиот шеф на стручен штаб Џенгис Реџепи, тимот и тоа како претрпе промени, и веќе се доведени десетина нови фудбалери.

Последни во низата се напаѓачот Димитар Иванов за кого Спортмедиа веќе напиша дека ја засилува Беса, а од вчера тука е и неговиот брат Благојче Иванов, кој ќе ја засили секако голманската позиција.

Тој доаѓа од редовите на тимот на Осогово, а е поранешен Македонски младински репрезентативец.

 

ПретходноШкендија тргнува по Михаил Маневски
СледноДејан Георгиевски: Сребрениот херој од Олимпијадата кој ја „ЗАПАЛИ“ Македонија!