Во првиот ден од Новата година: Евертон донесе засилување од Динамо (К)

301

Дефанзивецот на Динамо (К), Виталиј Миколенко е ново засилување за Евертон. Во првиот ден од трансферниот период, „карамелите“ го доведоа и првото засилување од украинскиот гигант.

Украинскиот репрезентативец потпиша договор со својот нов клуб до крајот на сезоната 2025/26.

„Доаѓањето во Евертон е голем и важен чекор во мојот живот. Отсекогаш сонував да играм во Премиер лигата. Англија е местото каде што се роди фудбалот и мислам дека одлично ќе се вклопам во тимот. Имам 22 години, но не се чувствувам како млад. Имам искуство да играм на европско ниво и се надевам дека ќе продолжам да напредувам како фудбалер“, потенцираше Миколенко.

Претходно беше објавено дека трансферот ќе го чини клубот од Ливерпул меѓу 21 и 23 милиони евра.

ПретходноФудбалерот на Ајакс го има потегот на групната фаза од Лигата на Шампионите (ВИДЕО)
СледноИ Клоп е позитивен на Ковид-19!