Тимот на АС Пирае од Тахити ќе го замени новозеландскиот Оукленд Сити како претставник на Океанија на Светското клупско првенство во фудбал, соопштија од ФИФА. Деветкратниот шампион на Океанија Оукленд Сити нема да може да учествува на турнирот кој ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во февруари поради правилата за карантин во Нов Зеланд. Па така покана доби АЦ Пирае од Тахити кој во првата рунда ќе се сретне со Ал Џазира од ОАЕ, а во полуфиналето за ривал би го имал европскиот клупски првак Челзи.
Пирае е деветкратен шампион на Тахити, деветкратен освојувач на Купот. Во 2006 година стигна до финалето на ЛШ на Океанија но беше поразен од Оукленд.
Клубот е формиран во 1929 година, а прекрарот им е „Ајкули“. Меѓу попознатите фудбалери кои ги бранеле боите на овој клуб е Марама Вахируа кој од овој клуб стигна до француската Лига 1 и играше за Нант, Ница, Лориен, Нанси, Монако, а се врати во Пирае каде ја заврши кариерата.










