Фабио Канаваро е најсериозен кандидат за нов селектор на Полска

147

Фабио Канаваро е најсериозниот кандидат за нов селектор на полската репрезентација. Според полските медиуми, претседателот на полскиот фудбалски сојуз, Чезари Кулеша преговара со 48-годишниот Италијанец.

Канаваро претходно работеше како тренер во Азија. Ги водеше Ал-Ахли, Гуангжу, Ал-Наср, Тијанџин и кинеската репрезентација. Во 2019 година, Италијанецот го освои кинескиот шампионат со Гуангжу  Евергранде, а во 2018 година и Суперкупот на земјата.

Медиумите изминативе денови ги споменуваа и Дик Адвокат, Јирген Клинсман, Аврахам Грант, Адам Навалка, Чеслав Михњевич и други тренери како можни кандидати за функцијата на чело на полската репрезентација.

ПретходноВо дербито на ПЛ: Сити маршира кон титулата, го победи и Арсенал!
СледноКобајаши го освои и Гармиш – за 0,2 поени беше подобар од Ајсенбихлер!