Петкратниот освојувач на Златната топка Лионел Меси зборуваше за својата кариера и откри дека од почит му било страв да го погледне во очи легендарниот француски напаѓач Тиери Анри.
“Ги почитував сите големи играчи и шампиони кога бев во Барселона. Роналдињо, Ето, Пујол, Чави и Иниеста. Но, имаше еден играч од кого се плашев, а тоа беше Тиери Анри. Знаев се за него. Тој правеше чуда во Англија и одеднаш беше со мене во тимот.
Многу му се восхитував, сега го чувствувам тоа. Кога дојде во соблекувалната на Барселона првиот ден, не се осмелив да го погледнам во очи. Бев фасциниран од начинот на кој играше и леснотијата со која постигнуваше голови. Имаше квалитети да ги направи комплицираните работи едноставни“, изјави ѕвездата на ПСЖ.










