Екипа од Тахити ќе игра на Светското клупско првенство

186

Тимот на АС Пирае од Тахити ќе го замени новозеландскиот Оукленд Сити како претставник на Океанија на Светското клупско првенство во фудбал, соопштија од ФИФА. Деветкратниот шампион на Океанија Оукленд Сити нема да може да учествува на турнирот кој ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во февруари поради правилата за карантин во Нов Зеланд. Па така покана доби АЦ Пирае од Тахити кој во првата рунда ќе се сретне со Ал Џазира од ОАЕ, а во полуфиналето за ривал би го имал европскиот клупски првак Челзи.

Пирае е деветкратен шампион на Тахити, деветкратен освојувач на Купот. Во 2006 година стигна до финалето на ЛШ на Океанија но беше поразен од Оукленд.

Клубот е формиран во 1929 година, а прекрарот им е „Ајкули“. Меѓу попознатите фудбалери кои ги бранеле боите на овој клуб е Марама Вахируа кој од овој клуб стигна до француската Лига 1 и играше за Нант, Ница, Лориен, Нанси, Монако, а се врати во Пирае каде ја заврши кариерата.

 

ПретходноПочнува Дакар 2022: Швајцарците со Лада Нива од 1984 година се вистински хит!
СледноНовинарите избраа: Италија е најдобриот спортски тим за 2021 година!