Дали ПСЖ и спортскиот директор Леонардо се шегуваат? Ова не е првоаприлска шега, сепак сме 1 јануари, но шокантни вести доаѓаат од Париз.
Имено во случај Килијан Мбапе во јуни и официјално да се пресели во Реал Мадрид, тогаш “светците“ на негово место ќе го ангажираат прескапиот и често повредуван, Осман Дембеле. Французинот и Барселона едноставно не можат да се најдат со цел да го продолжат договорот, Дембеле бара премногу пари, а тоа за ПСЖ е најмал проблем.
Ако тоа навистина се случи, тогаш и дефинитивно ПСЖ ќе направи аматерски потег.










