Офанзивниот играч за врска на Наполи, Лоренцо Инсиње се договорил со тимот на Торонто од МЛС лигата. Италијанецот ќе заработува 15 милиони евра годишно и ќе се пресели во Канада веднаш по завршувањето на сезоната и тоа како слободен играч.
Претходно беше објавено дека напаѓачот на Торино, Андреа Белоти исто така преговара со Торонто. 30-годишниот Инсиње не можеше да се договори за нов договор со италијанскиот клуб. Фудбалерот бараше 5 милиони евра по сезона, но Наполи му нудеше четиригодишен договор со плата од 3,5 милиони евра.










