Почина легендата на Бостон Селтикс

786

На 88-годишна возраст почина Сем Џонс, десеткратниот НБА шампион со Селтикс, соопшти клубот од Бостон.

Џонс освои вкупно десет титули во периодот од 1957 до 1969 година, а само една помалку од неговиот славен соиграч Бил Расел. И двајцата се на врвот во историјата на лигата по бројот на титули.

„Семејството Џонс ни е во мислите, додека тагуваме од една страна, а од друга страна со задоволство се сеќаваме на неговиот живот и кариера како еден од најголемите шампиони во американскиот спорт“, се вели во соопштението на НБА.

Тој имаше просек од 17,7 поени, 4,9 скока и 2,5 асистенции по натпревар.

ФОТО:BostonSportTok

ПретходноMеси: Него не можев да го погледнам во очи
СледноЛеброн доминира и на 37 години: Како од шега постигна 43 поени (ВИДЕО)