Играчите од средниот ред Рео Хатата, Дајзен Маеда и Јосуке Идегучи се новите фудбалери на шкотскиот гигант Селтик, соопштија од клубот од Глазгов.
Маеда има 24 години, претходно играше за Јокохама Маринос, Идегучи има 25 години и доаѓа од Гамба Осака, додека скаутите на Селтик го „пронашле“ Хатата во Кавасаки Фронтал.
На своето конто Идегучи има 15 меча (2 гола) за Јапонија, Маеда само 2 меча (0 голови), а Хатата досега играл само за олимписката селекција на Јапонија.
Па така јапонската колонија во Селтик се зголеми на четворица. Во јули 2021 година од Висел Кобе пристигна репрезентативецот Кјого Фурухаши кој во досегашниот дел од сезоната одигра 14 првенствени средби и постигна 8 голови.










