Прволигашот Струга Трим Љум објави дека се разделува со крилниот фудбалер Флорент Османи. 33-годишниот фудбалер беше дел од струшката екипа од 2019 година и одигра 58 натпревари, а сега ќе бара нова средина.
Османи пред Струга настапуваше за Гостивар, Скопје, Шкупи, како и косовската Лорија и турскиот Бинголспор.
Засега ново име во таборот на Струга е Дарко Илиевски. Стоперот стави потпис на договорот. Клубот закажа старт на подготовките на 8 јануари, а главната фаза ќе ја одработат во Анталија или Албанија.