Тврдоглавоста на Новак ќе го чини милиони: Спонзорите најавуваат повлекување!

1217

Се чини дека најмал проблем за Новак Ѓоковиќ ќе биде неиграњето на Австралија Опен. Имено по враќањето во Белград, Србинот го дочека веста дека поради фактот дека не е вакциниран, тешко дека ќе може оваа сезона да настапи и на Ролан Гарос. Ако се знаеше дека УС Опен и Вимблдон тешко дека ќе ги види, секако ако нешто не се смени во поглед на короната, тогаш ретко кој помислуваше дека и Франција за него ќе биде мисловна именка.

Ушто полошо за него е тоа што дури и спонзорите најавуваат дека немаат намера веќе да бидат со Новак. Се шпекулира дека дури и „Лакост“, главниот спонзр на Србинот, ќе размисли дали да ја продожи соработката. Ова “Лакост“ во денешното соопштение го најави.

Значи тврдоглавоста и упорноста да не се вакцинира, Новак може да го чини милиони и милиони.

ПретходноПетиција од фановите: Лазаров да влезе во игра и да шутира пенал на последниот меч на ЕУРО
СледноСупер – асистенција на Дијамантот, Наполи води! (ВИДЕО)