Габон и Мароко си поделија по бод доволен за следна фаза (ВИДЕО)

123

Габон и Мароко освоија по бод, колку што им беше доволно и на двете селекции за да продолжат во втората фаза на Африканскиот куп на нации. Во еден од последните два вечерашни дуели од 3. коло, Габон и Мароко одиграа 2:2, додека Коморските острови славеа над Гана со 3:2 и со тоа се пробија на 3. место чекајќи го исходот од сите групи за да дознаат дали имаат шанси за место во следната фаза.

На дуелот меѓу Габон и Мароко, Габон двапати водеше со головите на Алевина и Агуер, додека Мароко двапати се враќаше Буфал и Хакими.

Мароканците со 7 бода завршија како први во групата „Ц“, додека Габон е втор со пет бода. Гана го имаше еден од најслабите настапи во шампионатот на „црниот континент“ освојувајќи само еден бод.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБарселона со радикални мерки за Дембеле: Нема да игра ако не потпише нов договор
СледноХоландија во фото-финиш до победа над Португалија, прв успех за Белорусите