Габон и Мароко освоија по бод, колку што им беше доволно и на двете селекции за да продолжат во втората фаза на Африканскиот куп на нации. Во еден од последните два вечерашни дуели од 3. коло, Габон и Мароко одиграа 2:2, додека Коморските острови славеа над Гана со 3:2 и со тоа се пробија на 3. место чекајќи го исходот од сите групи за да дознаат дали имаат шанси за место во следната фаза.
На дуелот меѓу Габон и Мароко, Габон двапати водеше со головите на Алевина и Агуер, додека Мароко двапати се враќаше Буфал и Хакими.
Мароканците со 7 бода завршија како први во групата „Ц“, додека Габон е втор со пет бода. Гана го имаше еден од најслабите настапи во шампионатот на „црниот континент“ освојувајќи само еден бод.
Standings provided by SofaScore LiveScore