Невакцинираните играчи на Челзи и Реал може да не играат против Лил и ПСЖ во ЛШ

306

Челзи и Реал Мадрид веројатно нема да сметаат на невакцинираните фудбалери во мечевите од Лигата на шампионите кои треба да ги одиграат во Франција, пренесува „Тајмс“.

Во осминафиналето од ЛШ Челзи ќе се соочи со Лил, а Реал ќе игра против Пари Сен Жермен. Според францускиот закон сите спортисти можат да се натпреваруваат само ако се вакцинирани против коронавирус.

Во исто време, постојат доказе дека во Челзи не се сите вакцинирани. Тренерот Томас Тухел неодамна изјави дека тоа е личен избор и нема никого да притиска да го направи тоа. А според „Тајмс“ УЕФА ќе ги почитува законите околу вакцинацијата во сите земји.

Мечот ПСЖ –  Реал се игра на 15 февруари, а Лил ќе го пречека Челзи на 16 март.

 

ПретходноМОК потврди: Македонија со тројца спортисти патува на ЗОИ во Пекинг!
СледноБарселона со радикални мерки за Дембеле: Нема да игра ако не потпише нов договор