Норвешкиот скијач Александер Амод Килде е победник во спустот на популарната патека „Штрајф“ во австрискиот зимски центар Кицбил. За него ова е шеста победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање, а за 0,42 секунди беше подобар од изненадувањето на денот, францускиот ветеран Јохан Клери, додека третото место го освои францускиот скијач Блес Гајзенданер.
Во спустот води Килде со 405 поени, а втор е Матијас Маер со 352.
Во генералниот пласман прв е Марко Одермат со 1120 поени, а втор е Килде со 785.
Утре на патеката „Ганслернханг“ во Кицбил ќе се вози слаломот, а задутре уште еден спуст на „Штрајф“. Два дена подоцна караванот се сели во Шладминг каде ќе се одржи слаломска трка, а потоа следува пауза поради Зимските олимписки игри.
“This is Aleksander Aamodt Kilde at his 𝐛𝐞𝐬𝐭!”
Is it going to be another victory for the Vikings on the Lauberhorn? 🇳🇴⚔️#FISAlpine | @AleksanderKilde pic.twitter.com/65ReHPGZHp
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 14, 2022