Шведска си поигруваше со индиспонираната Полска!

102

Во еден од најнеинтересните мечеви во досегашниот дел од ЕП, Шведска со 28:18 (14:6), успеа да ја победи Полска. Велиме најнеинтересните ако се знае дека Полска речиси да не одигра ништо, ама буквално ништо. Полјаците правеа несфатливи грешки, не можеа да го погодат голот од идеални позиции. Едноставно беа катастрофа. Фактот дека во првиот дел постигнаа само 6 голови говори сам по себе.

На другата страна Шведска иако не блескаше, иако тешко е да се играат вакви мечеви ако се знае дека противникот се предал уште пред да започне мечот, ги искористи сите можни грешки на противникот. Швеѓаните од минута во минута, и тоа без никаков напор ја билдаше гол разликата која на крајот изнесуваше десет голови.

Треба да се каже дека во последните минути Шведска како да се опушти, инаку катастрофата на Полска ќе беше уште поголема.

Со овој пораз Полска и дефинитивно ги загуби шансите за висок пласман, додека Шведска во групата – 2, сега има две победи и останува во игра за тоа второ место во групата и пласман во полуфиналето.

ПретходноЈуве има понуда: 35 милиони евра + Кулушевски во замена за Влаховиќ
СледноХрватот Кахримановиќ е ново име меѓу “гипсарите“!