Немаат среќа “гипсарите“ со временските услови на вториот ден од своите подготовки во Охрид. Ако вчера времето беше речиси идеално, со сонце, денеска мораше да се одложи мечот со Струга Трим Лум и тоа поради снегот кој го завеа Охрид а посебно стадионот „Билјанини Извори“ на кој едноставно не можеше да се одигра пријателски фудбалски натпревар.
Па така малку на шега и прашањето, дали „гипсарите“ во Охрид заминаа на фудбалски подготовки или на скијање?
Се разбира дека има време стручниот штаб на чело со Ќатим Османи и фудбалерите да го одработат она што е зацртано на подготовките во Охрид.