ТФТ за малку не успеа да го победи Ирони, шансата ќе ја бара против Берое

152

Кошаркарите на ТФТ Скопје загубија од израелскиот Ирони Нахарија со 66:67 во БИБЛ лигата. Ова беше претпоследниот меч од регуларниот дел од Лигата, а ТФТ испушти шанса во последниот напад да оствари победа која ќе ги однесеше во наредната фаза.

Мечот се играше во СРЦ Кале, а по првиот период ТФТ имаше предност од 18:16, додека на полувреме Ирони го сврте резултатот во своја корист (35:38).

Во финишот на мечот Охајон погоди едно слободно фрлање за водство од 67:66 на Израелците, па останаа 19 секунди за ТФТ. Сепак, место да се реализира нападот Бишоп направи грешка која го однесе скопскиот тим во пораз.

По девет кола ТФТ има скор од 4-5, а во последното коло во Скопје ќе игра со Берое. Со победа „црно-белите“ одат понатаму.

ПретходноТричко стрела, но АЕК Ларнака не победи! (ВИДЕО)
СледноГолман, а богами и екстра гимнастичар! (видео)