Тричко стрела, но АЕК Ларнака не победи! (ВИДЕО)

143

Иван Тричковски вечерва против Анортозис го постигна својот десетти гол во првенството на Кипар, и е прв стрелец, но не успеа да му донесе триумф на својот тим АЕК Ларнака. Иако со голот на Македонецот во 52.минута водеше со 1:0, сепак екипата на АЕК Ларнака не успеа да победи, зошто гостите преку Новотни во 70. израмнија на 1:1, со што се испостави дека тоа е конечен резултат.

АЕК Ларнака со тие два бода ќе беше на чело на табелата.

ПретходноМанчини со список од 35 фудбалери за мини – кампот, тука е и Балотели!
СледноТФТ за малку не успеа да го победи Ирони, шансата ќе ја бара против Берое