Попладнево во Охрид во пријателски меч, Воска Спорт и Ренова одиграа 2:2. Интересен дуел меѓу вториот во ВМФЛ – ЗАПАД и “гипсарите“.Имаше четири голови, повеќе шанси, сосема квалитетно за оваа фаза од подготовките.
Ренова преку Кахримановиќ дојде во водство од 0:1, но Алиу стрелаше за Воска и израмни на 1:1.
Во вториот дел Ален Јашароски, кој треба да биде големо засилување за Воска Спорт, досегашниот напаѓач на Скопје, му носи водство на својот тим од 2:1. Сепак да нема победа за четата на стратегот Раде Цицмиловиќ, се погрижи Рамадани за конечни 2:2.