Репрезентацијата на Сенегал влезе во четвртфиналето на Купот на африканските нации откако денеска потешко од очекувањата ја совлада селекцијата на Зелнортските острови со 2:0. Сенегалците важеа за големи фаворити, успеаа да победат но добро се измачија.
А во тоа им олесна и противникот кој остана со деветмина во поле. Во 21. минута Андраде доби директен црвен картон, потоа во 57. минута голманот Возиња исто така беше исклучен поради остар старт над Мане по што Зеленортските острови се најдоа во тешка мисија.
А Сенегалците го искористија моментот и во 63. минута ја затресоа мрежата на ривалот и си го исчистија патот до победата. Многу важен момент, голот го постигна Садио Мане. Тоа беше прекрасен шут од далечина. По неколку минути фудбалерот на Ливерпул не можеше да продолжи откако се пожали на повреда на главата по оној дуел со голманот Возиња во 57. минута.
Диенг во 92. минута само ја потврди победата на „Лавовите од Таранга“.
Сенегалците се надеваат дека не се работи за ништо сериозно и напаѓачот ќе може да игра на наредниот натпревар.