Академија ФМП со победа го заврши настапот во БИБЛ-лига

127

Академија ФМП со ја заврши дебитанската сезона во балканското друштво. Тимот од Кисела Вода на домашен терен ги одмери силите со Балкан, го совлада со 77-75 за втора победа во БИБЛ-лигата. Избраниците на Александар Петровиќ до триумфот дојдоа благодарение на одличната игра во последниот период и незапирливиот Стефан Крстајиќ, кој постигна 26 поени. Покрај него добра игра пружија Ајви со 18 поени и Петровски со 13.

Гостите брзо го наметнаа својот ритам, поведоа со 0-9, а потоа и со 2-11, првата четвртина ја завршија со позитива од пет коша (15-20). Макеоднскиот тим на стартот успеа да израмни на 22-22, по кои противникот со серија од 13-0 поведе со двоцифрени 22-35. Балкан имаше и плус 16 (24-40).

По 31-44 на одморот, Академија ФМП го доби третиот период со 22-15, полека ја топеше предноста на противникот, на средината на последната четвртина дури и за првпат поведе на мечот (67-65). Мечот влезе во неизвесна завршница во која Стефан Крстајиќ беше главен лидер во кам-бекот.

По неговите два поени за 77-75 во последната минута, гостите не реализираа, не успеа ниту Академија ФМП, но најважно успеа да дојде до втората победа во историската сезона.

ПретходноДолгоски Дејан од Прилеп е новиот милионер кој освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.336.670
СледноМане го однесе Сенегал во 1/4 финале, но го напушти теренот со повреда (видео)