“Освои седум Златни топки, но во ПСЖ е за никаде“!

597

ПСЖ на шокантен начин синоќа испадна од Купот на Франција, и тоа на пенали од Ница, во меч од 1/8 финалето на ова натпреварување. Иако Лео Меси постигна гол во пенал – серијата, искрено одигра далеку под своите стандарди и можности.

Токму затоа денеска дел од медиумите во Франција упатија жестоки критики кон Аргентинецот.

Освои седум Златни топки, но во ПСЖ е за никаде. Одигра уште еден натпревар под своето реноме. Иако играше сепак не го спречи испаѓањето на својот тим во Купот на Франција. Познато е дека се врати после короната, но сепак уште еднаш разочара“ се вели во дел од коментарите.

ПретходноБарса со повик до обвинителот да го истражи работењето на претходното раководство!
СледноПандев се запозна со соиграчите и го одработи првиот тренинг во Парма (ФОТО)