Евролига: Ц. Звезда поразена дома, Дубаи за кош подобар од Реал

44
фото: kk crvena zvezda (X)

На стартот на новата сезона во кошаркарската Евролига, екипата на Црвена звезда сзагуби на домашен терен во „Белградска арена“ од Жалгирис со 77:83. Литванскиот тим во завршницата беше посигурен и заслужено стигна до победата на отворањето на елитното натпреварување.

Крис Џонс беше меѓу најдобрите кај Црвена звезда, додека кај Жалгирис, Јонас Валанчиунас имаше силен старт и постигна 11 поени уште во првата четвртина, а во завршницата Карсен Едвардс и Стерлинг Браун помогнаа гостите да го задржат водството за прв триумф.

Претходно, кошаркарите на Дубаи со победа над Реал Мадрид од 78:77 ја започнаа новата сезона во Евролигата. Во драматичен натпревар, домаќините направија пресврт и до триумфот стигнаа во последните секунди.

Изненадување се случи и во Софија, каде што Баерн Минхен го совлада Хапоел Тел Авив со 86:84. Германскиот тим имаше и 18 поени предност, но домаќините успеаја да се вратат во натпреварот и во финишот дури и да поведат. Сепак, Баерн преку тројката на Јоханес Фојтман стигна до важен триумф.

  • Дубаи – Реал Мадрид 78:77

  • Хапоел Тел Авив – Баерн Минхен 84:86

  • Црвена звезда – Жалгирис 77:83

  • Панатинаикос – Париз 91:72

  • Басконија – Олимпијакос 89:106

  • Барселона – Анадолу Ефес 89:82

  • Асвел – Макаби Тел Авив

ПретходноПромовиран новиот дрес на Македонија, репрезентативците се дружеа со навивачите (ФОТО)
СледноЛН: Клоп и Чави ремизираа во Амстердам, Грција со неверојатен пресврт славеше во Белград