Шампионот ја доби скопската пресметка, Штип славеше во Битола

1

Вечерва се одиграа уште два меча од 6.коло во нашата елитна кошаркарсла лига. Скопје – МЗТ Скопје 60:79 и Пелистер – Штип 87:92.

Шампионот како гостин немаше проблеми за да дојде до нова победа во скопската пресметка против тимот кој до пред неколку месеци се викаше Маџари.

Во текот на целиот меч “металците“ имаа водство, уште на стартот покажаа кој е кој и заслужено на крајот извојуваа убедлива победа од +19 поени разлика. Домашниот состав колку и да се трудеше на крајот сепак беше поразен, ова беше нивни петти пораз а за шампионот петта победа.

Крајиниќ со 20 поени беше најефикасен кај победнишкиот тим, додека кај поразениот состав на Скопје се истакна Џонс со 18 поени.

Во Битола шок за домашниот Пелистер. Домашните кошаркари беа поразени од Штип со 87:92. Гостите уште на стартот покажаа дека ја посакуваат победата, така и влегоа во овој натпревар ако се знае дека првата четвртина ја добија со +3 а втората со +7 поени.

Во продолжение од средбата, посебно во финишот Пелистер се врати во играм, но сепак не успеа на крајот да дојде до победа.

Хамилтон кај гостите впиша 20 поени, додека кај битолчани се истакна Коцовиќ со 20 поени.

ПретходноФилип Милошевски со силна порака: Кога ја претставуваш Македонија – постојат работи за кои не се преговара!