Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот на сезоната. Аргентинецот и онака беше на „стаклени нозе“ во ПСЖ, затоа што се разниша односот со спортскиот директор Леонардо, а капак на се беше поразот во осминафиналето на Купот на Франција.
Француските медиуми откриваат дека раководството на ПСЖ му кажало на Покетино дека ќе остане до крајот на сезоната, а потоа треба да си замине иако има договор до 2023 година. Истиот ќе биде прекинат и нов стратег ќе го преземе тимот. Се погласно се зборува дека ПСЖ ќе го донесе Зинедин Зидан на кормилото. Поранешниот тренер на Реал Мадрид одамна е поврзуван со клупата на францускиот гигант, а сега се отвора патот за реализација на идејата.
А Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата. Мометално в.д. тренер е Ралф Рангник, а ако Покетино биде слободен на лето тоа е можност да го врати во Премиер лигата. Покетино долги години работеше во Тотенхем, претходно во Саутемптон.










