Мејсон Гринвуд, фудбалерот на Манчестер Јунајтед не е веќе во притвор. Тој, откако беше дадена кауција, излезе од притвор и додека трае истрагата ќе биде на слобода. Познато е дека Гринвуд од страна на својата девојка Хариет Робсон е обвинет за физичко насилство и силување.
Исто така познато е дека неговиот клуб го суспендираше, а сите негови соиграчи во знак на протест по тоа што го направил го “избришаа“ од своите социјални мрежи.










