И на Покетино му „прекипи“, на лето си заминува од ПСЖ

561

Маурисио Покетино решен е по завршувањето на сезоната да го напушти ПСЖ, тврдат некои фрацуски медиуми.

Според извори блиски до стратеготот, Аргентинецот бил подготвен да си замине и пред неколку недели, доколку Парижаните најдат замена за него. Се зборуваше дека Манчестер Јунајтед го посакува на кормилото, но засега нема потврда за евентуални преговори.

Покетино дефинитивно нема да продолжи со клубот по завршувањето на оваа сезона и за ова веќе им зборувал на луѓето кои го опкружуваат. 49-годишниот Аргентинец е уморен од ПСЖ и од спортска гледна точка и од гледна точка на она што се случува во клубот. Тој се чувствува под притисок и има проблеми во односите со спортскиот директор на клубот, Леонардо.

ПретходноТрета среќа за злато: Сенегал е прв финалист на КАН 2022 (ВИДЕО)
СледноХамилтон останува во Ф1: Мерцедес потврди дека тој ќе биде на промоцијата на новиот болид