Трета среќа за злато: Сенегал е прв финалист на КАН 2022 (ВИДЕО)

240

По третпат во својата историја, Сенегал ќе игра во големото финале на Купот на африканските нации. Во вечерашното полуфинале против Буркина Фасо, тимот предводен од големата ѕвезда на Ливерпул, Садио Мане и со извонредниот голман Менди меѓу стативите, стигна до триумф од 3:1 кој му завери ново учество во најважниот меч на континенталниот собир.

По 0:0 во првите 45 минути, следуваше исклучително возбудлива завршница во која видовме четири гола. Напрво Диало погоди во 70. минута за водство на Сенегал од 1:0, а 6 минути подоцна Гуеје веќе зголеми на 2:0.

Надеж за подобар резултат донесе голот на Туре во 82. минута за 1:2, но сите надежи на Буркина Фасо ги урна Мане со голот во 87. минута за конечни 3:1.

Во второто полуфинале утре ќе се сретнат Камерун и Египет.

ПретходноПроблем за МЗТ Скопје пред Бања Лука – се повреди Дамјан Стојановски
СледноИ на Покетино му „прекипи“, на лето си заминува од ПСЖ