Уште еден меч од 17. коло во Супер-лигата заврши во корист на домашниот тим. По Е.Пелистер 2 и Бутел Скопје, пред своите фанови славеше Т.Пролет, кој беше подобар од Струга со убедливи 30-22.
Скопскиот состав до триумфот дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме. Стружани пружија силен отпор, имаа водство од 5-7 и 7-9. Пред самиот крај на овој дел, домаќинот успеа да израмни на 13-13.
Во второто полувреме сликата беше поинаква. Т.Пролет со серија од 6-2 поведе со 23-18, до крајот без проблем го приведе мечот во своја корист.
Џонов и Пејовиќ заедно постигнаа 12 гола, Палевски имаше четири погодоци. Барјактареви со седум гола беше прв стрелец на теренот, еден помалку погодок во дресот на Струга имаше Кастратович.










