Судијата кој го уништи Милан: Плачев во соблекувалната, зборовите на Златан никогаш нема да ги заборавам!

1898

Судијата Марко Сера фановите на Милан, но и сите во клубот од Милано засекогаш ќе го паметат. Поради овој судија Милан има три бода помалку во битката за титулата сезонава во Серија А. Имено се знае каква катастрофална грешна направи на мечот со Специја, кога поништи чист гол за домашните за 2:1. И место три бода за Милан, победата ја однесоа гостите.

Јасно е дека тој беше суспендира, и откако минаа неколку недели, Сера се “отвори“, проговори за сиот пекол што го минал во тие денови.

Искрено по мечот, кога видов што направив, плачев во соблекувалната. Покрај мене помина Флоренци и ме прегрна, потоа Ернандез, Калабрија, Брахим Диаз. Сите беа гневни, но ми рекоа дека се случуваат грешки“ посочи Сера.

После нив до него дошол и Златан Ибрахимовиќ…

Ми ја даде најдобрата мотивациска порака. Никогаш нема да ги заборавам неговите зборови. Ми каже дека треба да бидам – ЈАС, и дека треба да реагирам позитивно. Ми се допадна гестот на играчите на Милан, дури ден подоцна сфатив што направија. Таа вечер спиев не повеќе од еден час“.

ФОТО: SempreMilan

ПретходноЛауреус ги објави номинациите: Ѓоковиќ, Верстапен, Брејди, Левандовски…
СледноРаботнички го промовираше Грузиецот Куција!