Шампионот им се врати на победите, Феникс и Голден Стејт рушат се пред себе

163

Бранителот на титулата во НБА лигата, екипата на Милвоки по поразот од Денвер им се врати на победите, а ги совлада Вашингтон Визардс со 112:98. Тоа е 32 победа сезонава за нив но се уште се на петтото место на табелата во Источната конференција.

Најдобар играч кај Милвоки, а воедно  и на мечот беше Антетокумпо кој имаше трипл-дабл со 33 поени, 15 скокови и 11 асистенции.

Чикаго продолжува да победува и го чува врвот на Истокот. „Биковите“ славеа над Орландо со 126:115. Де Розан и Лавин го предводеа Чикаго до триумф со 29 односно 26 поени на мечот.

Феникс и Голден Стејт ја продолжија серијата на победи. Лидерот на Западот, тимот на Феникс го совлада Бруклин со 121:111 (Букер постигна 35 поени, Бриџис 27 за Феникс),  а второпласираниот Голден Стејт го победи Сан Антонио со 124:120 (Пул најефикасен за Голден Стејт со 31 поен).

 

ПретходноЕквадор се поблиску до СП 2022, а Колумбија се оддалечи по новиот кикс
СледноПрвиот човек на Фиорентина удри жестоко кон Влаховиќ и неговите алчни агенти