Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гашпар , како еден од оние кои многу добро ги познава приликите во клубот, а и воопшто во Шпанскиот фудбал, даде интервју во кое го искажа своето мислење околу моменталната ситуациј на Ноу Камп. Тој беше на чело на клубот од 2000 до 2003 година, во исто така бурни времиња за клубот, кога да речеме Луис Фиго беше продаден во Реал Мадрид.
„Економската ситуација во Барселона ме загрижува повеќе отколку резултатите. Јасно е дека клубот има капацитет финансиски да се опорави, но се чини дека тимот е под многу строга контрола, бидејќи ситуацијата е многу јавна, сите се сведоци што се случува. Ова не е случај во Реал Мадрид. Никој не знае што се случува таму. На чело е еден претприемач и нема двајца делегати да се најдат и да кажат дека не се согласуваат со него. Во Барса е поинаку. Знаете, ќе ви кажам нешто ексклузивно за Килијан Мбапе . Тој веќе потпиша со Реал Мадрид, сигурен сум во тоа, бидејќи го познавам Флорентино Перез и ги знам неговите потези и размислувања“, прокоментира Гашпар.










