Пролет ја урна Струга во второто полувреме!

90

Уште еден меч од 17. коло во Супер-лигата заврши во корист на домашниот тим. По Е.Пелистер 2 и Бутел Скопје, пред своите фанови славеше Т.Пролет, кој беше подобар од Струга со убедливи 30-22.

Скопскиот состав до триумфот дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме. Стружани пружија силен отпор, имаа водство од 5-7 и 7-9. Пред самиот крај на овој дел, домаќинот успеа да израмни на 13-13.

Во второто полувреме сликата беше поинаква. Т.Пролет со серија од 6-2 поведе со 23-18, до крајот без проблем го приведе мечот во своја корист.

Џонов и Пејовиќ заедно постигнаа 12 гола, Палевски имаше четири погодоци. Барјактареви со седум гола беше прв стрелец на теренот, еден помалку погодок во дресот на Струга имаше Кастратович.

ПретходноБутел рутински против Радовиш
СледноТиквеш рутински до бодовите на гостувањето кај Прилеп