Куманово и МЗТ Скопје дадоа одличен вовед на 15 коло во Првата лига. Ова беше дуел со бројни пресврт, на крајот како победник излезе актуелниот првак, славеше со 65-70. Кошаркарите на Куманово имаа шанса да дојдат до бодовите, но паднаа на четири минути до крајот, кога почна пресвртот на „сино-белите“, направија серија од 15-0 и потврдија зошто се шампиони.
Дејвис со 17 поени беше прв стрелец, два помалку имаше Крстевски, Робев застана на 11, додека Рикиќ 10. На другата страна Абром имаше 18, Зивчевиќ 16.
Домаќинот поведе со 4-0, гостите вратија на 4-6. Куманово во овој дел на изедначена битка, како речиси во текот на целиот меч, имаше позитива од 14-10 и 18-14. Сепак ова беше премалку за да може да се извади првакот од ритам, следниот период му припадна на составот на Дарко Радуловиќ, на одморот имаше негатива од еден поен 31-30.
МЗТ Скопје добро влезе во третиот период, во три наврати водеше со плус пет (33-38, 35-40 и 37-42). Зивчевиќ со серија на поени изедначи на 45-45, а потоа Настовски и Николиќ продолжија, па Куманово дојде на плсу пет 52-47. Милошевиќ и Дејвис намали на 52-51 на стартот на последниот период.
Абром беше еден од оние најрасположени кошаркари, заедно со Андрејевиќ зголемија на плус седум (58-51) по само две и пол минути игра. МЗТ Скопје беше далеку од нивото, на пет минути до крајот негативата беше двоцифрена (65-55).
Николов, Рикиќ, Робев и Молшевиќ не дозволија домаќинот да се раскомоти, па приредија целосен пресврт за победа од 65-70.










