Светскиот вицешампион Луис Хамилтон нема да ја напушти Формула 1 и ќе продолжи да настапува и во сезоната 2022.
Според информациите кои беа објавени денеска, Хамилтон директно ќе биде вклучен во презентацијата на новиот болид на Mercedes W13, која е закажана за 18 февруари.
Во текот на зимата, во печатот се шпекулираше дека Хамилтон би можел да ја заврши кариерата, откако ја загуби титулата од Верстапен минатата година. Седумкратниот шампион во Формула 1 по завршницата на сезоната во 2021 година престана со секаква комуникација со медиумите и престана да објавува пораки на социјалните мрежи.










